ВИДЕО+ФОТО I  Руски дипломати ја напуштија Северна Кореја туркајќи вагонче од воз

Осум вработени во руската амбасада во Пјонгјанг и нивните семејства поминаа повеќе од 34 часа обидувајќи се да ја напуштат Северна Кореја. Еден од нив успеа со туркање на багажот и децата по шини преку границата.

Границите на Северна Кореја се затворени со месеци, како дел од напорите на режимот Ким Jонг-ун да ја задржи панемијата на коронавирусите под контрола. Бидејќи летовите меѓу Владивосток и главниот град на Северна Кореја беа прекинати со месеци, патувањето низ „лавиринтот“ беше единствениот начин на кој руските дипломати и нивните семејства можеа да ја напуштат земјата, соопшти руската амбасада на својата страница на Фејсбук, пренесува Си-Ен-Ен.

Патувањето започна со воз. Русите поминаа 32 часа патувајќи со старата севернокорејска железница, а потоа патуваа со автобус два часа до границата, каде требаше да го натоварат својот багаж на железнички коли и со тоа да го продолжат патот.

Амбасадата објави две слики на третиот секретар Владислав Сорокин како ги турка своето семејство и нивниот багаж, а патувањето вклучуваше преминување преку мостот преку реката Тумен, што ја дели Русија од Северна Кореја.

Кога семејството пристигнало на руската станица Хасан, ги пречекале колеги од Министерството за надворешни работи, кои им помогнале да стигнат до аеродромот во Владивосток.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот