ВИДЕО+ФОТО I Љубов и „срце на терен“: Еве што рекоа Трамп и Меланија во својот проштален говор

Најконтроверзниот претседател во историјата на САД, Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија ја напуштија Белата куќа денес околу 14 часот.

Фото: EPA-EFE/AL DRAGO / POOL

 

View this post on Instagram

 

A post shared by nbcwashington (@nbcwashington)

Тие летаа со хеликоптер до базата Ендрјус во Мериленд, каде Трамп го одржа својот проштален говор. По напуштањето на Белата куќа, Доналд и Меланија прелетаа над градот пред да пристигнат во базата. Американските медиуми пренесоа дека вој потег што не е обичај, бидејќи претседателите во заминување го прават тоа само кога новиот претседател ќе даде заклетва.

Фото: EPA-EFE/AL DRAGO / POOL

По слетувањето во базата Трамп, го пречекаа ќерката Иванка и другите блиски членови на семејството. Трамп побара при слетувањето да биде пречекан со музика. И оваа желба му беше исполнета. Тој и Меланија беа пречекани со громогласен аплауз. Трамп им се заблагодари на сите што дојдоа да го испратат и рече дека ги сака.

Фото: EPA-EFE/STEFANI REYNOLDS/ POOL

– Не разбирате колку ова семејство направи за вас. Можеа да живеат многу поинаку, но ти ви се посветија, вам. Постигнавме многу, нашата прва дама беше многу прекрасна, убава и достоинствена и популарна меѓу народот – рече Трамп.

Меланија во своето обраќање на присутните им рече дека за неа е голема чест да биде прва дама на САД.

Фото: EPA-EFE/AL DRAGO / POOL

– Ви благодарам за вашата љубов и поддршка, ќе бидете во моите мисли и молитви. Бог да ве благослови вас, вашите семејства и оваа земја. Ви благодарам – рече Меланија.

За време на својот говор, Трамп рече дека се надева оти новата администрација нема да ги зголеми даноците.

– Но, ако тие го сторат тоа, што да ви кажам. – рече Трамп, нагласувајќи дека е направено многу за државата за време на неговиот мандат. Тој верува дека пандемијата го нарушила за да постигне уште подобри резултати.

Доналд Трамп, за последен пат тој ќе го искористи претседателскиот авион за да замине во реновираната резиденција во Флорида.

Во моментов Бајден се очекува на миса во една католичка црква во Вашингтон. По заклетвата тој ќе го има и своето прво обраќање до нацијата како претседател и како што најавија од неговиот тим за односи со јавноста, тој нема да зборува за Трамп туку за иднината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот