ВИДЕО+ФОТО | И Ивент индустријата побара помош од Владата: Грбот нѐ боли од тапкање

Скопје, 01 март 2021 / Фото: Драган Митрески - Слободен Печат.

Компаниите за организирање на настани денеска во кутии ја спакуваа својата опрема и излегоа пред Влада да го искажат незадоволството.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Тие не работат веќе една година поради забраната за организирање на јавни настани, а на мирниот протест побараа неповратна помош од Владата, поточнo поддршка сo која се опфатени и ноќните клубови.

ивент пред влада
Фото: Слободен печат/Драган Митрески

На дел од истакнатите транспаренти пишуваше – „Sounds of silence”, „Изнајмувач на опрема – невработен“, „Грбот нѐ боли од тапкање“, „Заживејте ја ивент индустријата“ и други слични натписи.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Протестот помина во мирна атмосфера, со присуство на полициски службеници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот