ВИДЕО + ФОТО I Инцидент во Берлин: Автомобил се заби во оградата на објектот на канцеларката Ангела Меркел

Фото: twitter.com/POLITICOEurope

Автомобил управуван од непознато лице претпладнево удрил во оградата на објектот на германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин, наведуваат светските агенции, но засега не се соопштуваат деталите за несреќата.

Според фотографиите на социјалните мрежи, на автомобилот биле напишани и пораки.

– Стоп за политиката на глобализација” и „Проклети убијци на деца и стари луѓе”, пишува на вратата од автомобилот.

Во моментот на инцидентот германската канцеларка се подготвувала за виртуелен состанок со премиерите на 16-те сојузни држави, со цел да се разгледаат натамошните мерки за спречување на ширењето на коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот