ВИДЕО+ФОТО I Антирасистички протести во САД и Канада

Неколку илјади Американци викендов протестираа ширум САД против антиазискиот расизам по смртоносните вооружени напади во салони за масажа.

Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Нападите се случија минатиот вторник во американската сојузна држава Џорџија, а убиените лица беа од азиско потекло. Една Американка со азиско потекло, Синг Хуа, изјави дека е „многу лута затоа што полицијата не го означи крвопролевањето како расистичко”.

– Факт е дека починаа шест жени од азиско потекло, рече таа на протестот во Вашингтон, каде се собраа неколку стотици луѓе.

Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Напаѓачот Роберт Арон Лонг, кој отвори оган во три салони за масажа во Атланта, ја призна вината и против него е покренато обвинение за убиство.

ВИДЕО: Осомничениот за свирепите убиства во Атланта е син на свештеник и бил познат како „бубалица“

За време на испрашувањето тој негираше дека неговиот мотив е расистички и изјави дека е зависник од секс и сакал да го потисне искушението.

Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Протести се одржаа и во Монтреал, во соседна Канада. Демонстрантите во Канада како виновник го посочија поранешниот американски претседател Доналд Трамп кој, според нив, „како бел врховист поттикнувал омраза”.

Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот