ВИДЕО+ФОТО: Фиби и Лејди Гага во дует ја изведоа култната песна „Smelly cat“ во специјална епизода од серијата „Пријатели“

youtube/printscreen
youtube/printscreen

Поп – ѕвездата Лејди Гага е една од бројните гости во новата, специјална епизода од серијата „Пријатели“.

Во дует со Фиби, еден од највпечатливите ликови во култниот ситком, пејачката ќе го изведе својот славен хит „Smelly cat“.

Специјална епизода – со специјални гости, вклучувајќи ги Лејди Гага, Џастин Бибер, Дејвид Бекам ќе биде достапна од денес, 27 мај, на стриминг сервисот „HBO GO“.

Лејди Гага се појавува во еден момент од епизодата, а потоа заедно со Фиби која ја придружува со гитара, го изведува еен од наголемите хитови од серијата кој стана препознатлив во текот на првите десет сезони на овој ситком.

„Не знам дали ова е вистинскиот начин да го кажам тоа, но ви благодарам што бевте различни за сите нас во Пријатели“, изјавила Гага на крајот.


„Ви благодарам што продолживте да бидете различни за сите нас“, одговори актерката.

Видео на денот