ВИДЕО+ФОТО: Фановите лути на Били Ајлиш за „експлоатација на ЛГБТИ заедницата“

Instagram
Instagram

Најновиот спот на Били Ајлиш за песната „Lost Cause“ не престанува да предизвикува реакции – фановите на почетокот беа лути затоа што таа го откри деколтето и покажа малку повеќе кожа од порано, а сега ја напаѓаат за „експлоатација на ЛГБТИ заедницата“ да го промовира нејзиниот нов сингл.

Најпопуларната тинејџерка на светот е многу блиска со своите пријателки во новото видео. Под заедничка фотографија на својот инстаграм – профил, таа исто така напиша дека „сака девојки“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BILLIE EILISH (@billieeilish)


Нејзините обожаватели во коментарите прашаа дали сака да каже дека е дел од ЛГБТИ + заедницата, особено затоа што видеото го објави за време на Месецот на гордоста.

Сепак, откако папараците ја фотографираа со Метју, нејзиното долгогодишно момче,  дел од обожаватели на пејачката се чувствуваат предадено.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BILLIE EILISH (@billieeilish)


„Ја враќам целата облека со нејзин лик, не ми се верува каква е“, гласи еден од коментарите на лутите обожаватели.

Набргу потоа, пејачката објави друга фотографија – селфи под која напиша – „Уморна сум“, а коментарите повторно почнаа да се редат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BILLIE EILISH (@billieeilish)


„И ние сме уморни, очигледно затоа што се срамиме од тебе. Кога мислите да кажете нешто за сето ова?“, „Ќе запалам маица со твоето лице“, беа само дел од гневните коментари.

Фотографијата собра 11,5 милиони „лајкови“ и 140 илјади коментари, а Били сè уште не ја коментира целата ситуација.

ВИДЕО | Погледнете го новиот спот на Били Ајлиш: Пејачката се збогуваше со широката облека

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот