ВИДЕО+ФОТО: Ерупција на вулканот Килауеа на Хаваи и земјотрес од 4,4 степени

Вулканот Килауеа на Големиот остров на Хаваи вчера повторно проработи, а по ерупцијата следеше земјотрес, потврди Американскиот геолошки институт (УСГС).

Фото: EPA-EFE/Bruce Omori/Paradise Helicopters EPA-EFE/Bruce Omori/Paradise Helicopters

Земјотресот, со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала, го погоди островот еден час откако вулканот започна да еруптира, а УСГС соопшти дека добил повеќе од 500 пријави од луѓе кои го почувствувале земјотресот, но дека не очекува значителна штета на зградите или објектите.

Фото: EPA-EFE/Bruce Omori/Paradise Helicopters

Ерупцијата започна доцна саиноќа во кратерот Халемаумау.

Вулканот се наоѓа во рамки на Националниот парк Хавајски вулкани.

Фото: EPA-EFE/USGS HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Националната метеоролошка служба во Хонолулу издаде предупредување до жителите за паѓање пепел од вулканот бидејќи прекумерната изложеност на пепел ги иритира очите и органите за дишење.

Со непрекинатите ерупции на вулканот Килауеа од 1983 година, Хаваи го менува својот изглед. Со ерупција во 2018 година, Килауеа потрупа повеќе од 700 куќи и ги покри со прашина патиштата на источен крај на островот, бидејќи исфрли доволно лава за да наполни 320.000 олимписки базени, пресметаа тогаш американски експерти.

Фото: EPA-EFE/BRUCE OMORI / PARADISE HELICOPTERS

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот