ВИДЕО+ФОТО | Белата куќа во празнично руво: Меланија Трамп е подготвена за последниот Божиќ, како прва дама!

Instagram

Белата куќа повторно заблеска во име на престојните божиќни празници. Меланија Трамп иако во 2018 се изјасни дека не e голем љубител на целата фама околу китењето и сите декорации поврзани со празниците, повторно ги „засука ракавите“ и ја накити Белата куќа за последен пат, како прва дама.

Твитерџиите во исчекување: Дали Меланија Трамп повторно ќе се изнервира поради божиќното декорирање?

Целиот концепт на украсувањето е креиран по темата „America the Beautiful“.

Некои од најзначајните украси се дрвото подарено од семејства на загинатите американски војници, полици над каминот со слики од Њујорк, Сент Луис, Чикаго и Сан Франциско.

Секако, тука е и традиционалната новогодишна куќичка за деца, како и елка висока 5,5 метри.

twitter
Twitter

Меланија Трамп на Твитер објави и видео – снимка на која се гледаат натписи од нејзината хуманитарна кампања „Биди најдобар“, што е наменета за децата од ранливите категории.

Twitter
Twitter

Волонтерите се погрижија украсувањето да биде беспрекорно, додавајќи огромни божиќни венци со црвена панделка на прозорите на Белата Куќа.

Twitter
Twitter

Првата дама повторно блескаше со својот изглед  облечена во светкава, металик кошула и класично црно миди здолниште со металик колан.

Преземено од Еспресо.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот