ВИДЕО+ФОТО | Баба Лидија (83) стана „Vogue“ модел: Таа не е премногу воодушевена, бидејќи сепак повеќе ја сака „Burda“

Фото: Инстаграм

Никогаш не е доцна да станете модел…

Лидија Константиновна од Русија се прослави на стари години. Оваа бабичка стана фото модел на 83-години.

Имено, нејзината внука дошла до одлична идеја – помислила дека би било добро да се фотографираат жените од нејзиното семејство, бидејќи секоја припаѓа на различна генерација.


Девојката која ги фотографирала направила прекрасни кадри, па така фотографиите завршиле во електронското издание на модниот магазин „Vogue“.


Баба Лидија била премногу изненадена што ја избрале токму неа.

На почетокот таа дури и се двоумела дали воопшто да ја прифати понудата за која мечтаат многу дами.

Причината за тоа, како што вели, било тоа што таа со години ја читала и обожавала „Burda“, а за „Vogue“ слушнала неодамна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот