ВИДЕО: Финале пред финалето, „кралот“ доминираше против грчкиот „ѕвер“!

Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс го совладаа Милвоки со 113:106, за 12. триумф од почетокот на НБА сезоната.

Лејкерси ги предводи Леброн Џејмс со 34 поени, осум асистенции и шест скока.

Придонес даде и Ентони Дејвис со 18 поени, како и Кентавиус Калдвел-Поуп со 23 коша.

Помеѓу Бакси, кои го запишаа шестиот пораз, најдобар стрелец беше Јанис Адетокумпо со „дабл-дабл“ учинок од 25 поени и 12 скока.

НБА, резултати –

Милвоки Бакс-Лос Анџелес Лејкерс 106:113
Голден Стејт Вориорс-Њујорк Никс 104:119
Јута Џез-Њу Орлеанс Пеликанс 129:118

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот