ВИДЕО | Финале: Последната гостинка на Елен Деџенерис ѝ гостувала во првата епизода

елен деџенерис
Се сними последната епизода од ток-шоуто на Елен, Фото: Инстаграм

Во последната епизода од своето ток-шоу, Елен Деџенерис ја угости актерката Џенифер Анистон, која ѝ беше гостинка во првата епизода од шоуто.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ellen DeGeneres (@theellenshow)

Заедно со Анистон во шоуто ќе се појават и многу други познати личности како Опра Винфри, Џулија Луис-Драјфус, Мајл Кунис, Џастин Тимберлејк, Бруно Марс, но, честа да биде последен гостин на едно од најпознатите емисии ѝ припадна на Анистон, која пред 19 години прва седнала во фотелјата спроти Елен.

„Кога го започнавме ова шоу во 2003 година, ајфон не постоеше. Социјалните мрежи не постоеја. Хомосексуалните бракови не беа легални. Гледавме како се менува светот, понекогаш на подобро, понекогаш не. Но што и да се случи, мојата цел отсекогаш беше да шоуто да биде место каде што сите можеме да се собереме и да се смееме еден час“, напиша Елен на „Инстаграм“ по снимањето на последната епизода.

„Што бев поканета во вашите животи беше најголемата привилегија во мојот живот и ми донесе неверојатна радост. Ви благодарам. Ви благодарам. Ви благодарам“, им кажа таа на гледачите.

Последната епизода од шоуто ќе биде прикажана на 26 мај.

Елен Деџенерис ја сними последната епизода од своето ток-шоу

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот