ВИДЕО | Филипче: Здравствените работници покажаа истрајност, професионалност и патриотизам на највисоко ниво

Фото: Screenshot/Facebook
Министерот за здравство Венко Филипче во видео порака по повод една година од првиот регистриран Ковид случај во земјата вели дека здравствениот ситем покажал дека има знаење и искуство да се носи со најголемиот здравствен предизвик во поновата историја. Тој им се заблагодари на здравствените работници за кои вели дека заслужуваат цела почит и благодарност.
– Во изминатата година докажавме и покажавме дека здравствениот систем има сили, знаење и  искуство да се справи со најголемиот здравствен предизвик во поновата историја на светот. Здравствените работници кои беа на првата линија на борбата против вирусот покажаа истрајност, професионалност и патриотизам на највисоко ниво и токму поради тоа, ја заслужуваат целата почит и благодарност, вели Филипче.
Порача дека набавката на вакцини е најголем предизвик за сите земји во светот а околу 130 земји се уште го немаат почнато процесот на имунизација. Посочува дека се даваат максимални напори да се обезбедат вакцини и убеден е дека многу брзо ќе започне масовната вакцинација.

– Како Влада даваме максимални напори да обезбедиме вакцини што поскоро и доволно за сите граѓани, за што барам трпение и разбирање од сите. Набавката на вакцини во моментов е главен предизвик за сите држави во светот, а 130 земји сеуште немаат почнато со вакцинација. Ние успеавме да ја започнеме вакцинацијата на здравствените работници, а многу брзо ќе ја почнеме и вакцинацијата на сите граѓани, истакнува министерот Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот