(ВИДЕО) Филипче: Возачот на комбето во болничка изолација поради симптоми и кашлица

Возачот на комбето претходно беше во домашна изолација, а пред неколку часа поради симптоми на кашлица и болки во градите кои се појавиле првпат изутрината, е спроведен со целата заштитна опрема во соба за изолација во Општата болница во Струмица.

Негативен е резултатот за коронавирус на лицето кое на 22 февруари се вратило од Италија во Струмица, а во болничка изолација е возачот на комбето со кое допатува и пациентката на која завчера во Скопје и беше потврден коронавирус. Ова попладнево го соопшти министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција во Владата, кој рече дека возачот сам се јавил и кажал дека има симптоми на кашлица и болки во градите.

Посочи дека возачот на комбето претходно беше во домашна изолација, а пред неколку часа поради симптоми на кашлица и болки во градите кои се појавиле првпат изутрината, е спроведен со целата заштитна опрема во соба за изолација во Општата болница во Струмица.

– Земени се материјали за знализа и тие во следните часови ќе бидат изработени во лабораторија во Скопје, по што ќе ја информираме јавноста. Тој бил сам дома, немал контакти ниту со семејството и сам ја контактираше нашата служба, рече Филипче.

Посочи дека состојбата на пациентката која има коронавирус и натаму е стабилна и е во изолација на Клиниката за инфективни болести.

– Вчера имавме интензивни средби со претставници на Комисијата за заразни болести кои излегоа со препораки, го информиравме и Управувачкиот комитет за координација и управување на системот за управување со кризи. Денеска Владата го прифати предлогот кој произлезе од оваа институција и донесе заклучок на организаторите на јавни собири да им препорача да ги откажат до 6 март. Нема простор за паника, будно се следи ситуацијата, додаде Филипче.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот