ВИДЕО | Филипче: Вакцината е бесплатна, ќе се вакцинираат сите здравствени работници и следните групи граѓани

Во очекување на вакцините кои македонските власти ги порачаа преку Ковакс системот, како и дози во договор со  двата производители АстраЗенека и Фајзер директно од компаниите, и трета опција е преку земјите од ЕУ, донесена е одлука за приоритени групи кои ќе ги примат првите две дози од вакцината против ковид.

Според министерот за здравство Венко Филипче приоритет ќе имаат сите здравствени работници кои работат во ковид центрите со болни од ковид и со суспектни на вирусот, медицинскиот персонал кој зема брисеви, граѓаните над 65 годишна возраст, хроничните болни од белодробни и кардиоваскуларни болести и вработените во критичната инфраструктура и транспортот.

Децата нема да се вакцинираат, рече и д-р Александра Грозданова, претседателка на Комитетот за имунизација при Министерството за здравство, а според министерот вакцината против ковид не е задожителна за граѓаните

-Нема да се наплаќа, а државата ќе чини по 10 долари од доза, набавна цена според КОВАКС системот, рече Филипче.

Станува збор за 833.000 дози вакцини со кои се ќе се вакцинираат 400.000 граѓани веќе обезбедни преку Ковакс механизмот на СЗО, а дополнителна количина ќе биде набавена од фирмите производители АстраЗенека и Фајзер, како и третата опција е преку механизмот на земјите од ЕУ, од нивните директни билатерални договори со компаниите.

-Договорени се 400 милиони дози за граѓаните од земјите од ЕУ, од кои 100 милиони дози се за земјите кои не се членки на ЕУ, па добивме понуда од Полска, како и од грчкиот премиер Мицотакис кој во директна комуникација со премиерот Заев се заложи дека преку Грција ќе се обезбедат овие вакцини и ќе се дојде до уште 800.000 дополнителни дози од новите ковид вакцини за македонските граѓани, објасни министерот Филипче.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот