ВИДЕО| Филипче уверува: Респиратори има, пациентите по своја желба одат на приватно

Министерот за здравство уверува дека има слободни респиратори на располагање на граѓаните и не гледа потреба пациенти да се препраќаат во приватните болници на товар на Фондот за здравство. 

-Во моментов има повеќе од 20 респираторни машини во болницата 8 Септември и десет на Инфективната клиника. Исто така има и голем број на респиратори кои стојат на располагање во одделите за интензивна нега на останатите клиники, и затоа не гледам причина било кој пациент да се препраќа на лекување во приватните болници, рече денеска за Слободен печат министерот за здравство Венко Филипче.

Согласно утринскиот извештај на установите кои згрижуваат ковид пациенти, на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 18 пациенти, на Клиниката за неврологија 20, а на Институтот за ТБЦ 54 пациенти. Во моментов слободни места има доволно во ковид центрите на интерните клиники, а се очекува во тек на денот, по направените исписи на оздравените пациенти, да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември, каде во моментов се сместени 161 односно 79 пациенти соодветно рече Филипче.

Од другат страна се поголем е бројот на граѓани кои за лекување од Ковид-19 вирусот бараат помош на социјалните мрежи.

Лекувањето во државните клиники е оневозможено поради недостатокот на респиратори, а во Систина и Жан Митрев е скапо, реагираат граѓани со кои Слободен печат стапи во контакт.

На свој грб ова лично го почувствуваа семејствата на Југослав Николиќ и Ристо Донев, за кои не се најде место на Инфективната клиника, ниту во 8 Септември, а лекувањето во приватните болници семејствата ги чинише многу скапо.

Зошто граѓаните бараат финансиски средства на социјалните мрежи, ако има услови за лекување во државните клиники? 

-Секогаш има пациенти кои преферираат да се лекуваат во приватни болници, ние тоа не можеме да го спречиме, и такви појави имало и пред да се појави коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот