ВИДЕО | Филипче: Попладнево пристигнаа 100 620 дози вакцини „Фајзер“

Венко Филипче / Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Попладнево пристигнаа 100 620 дози вакцини „Фајзер“, што ги купивме преку КОВАКС механизмот, објави министерот за здравство, Венко Филипче на својот Фејсбук профил.

Во текот на следните денови, како што посочува, вакцинацијата ќе добие ново, забрзано темпо со што ќе бидат вакцинирани сите пријавени граѓани.

– Доколку сѐ уште не сте се пријавиле преку веб-страницата, апелирам да го направите тоа што поскоро, како би добиле термин во најбрз временски рок, пишува Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот