ВИДЕО: Филип Кузмановски во Топ 5 најубави голови на колото во ЛШ
Maкедонскиот шампион Еурофарм Пелистер претрпе пораз во рамките од 12 коло во ракометната Лигата на шампиони откако на гостувањето кај Кил беше поразен со 29:23.
Во следното 13 коло играчите на тренерот Бранислав Ангеловски на 28 февруари го пречекуваат Алборг во Битола.
На дуелот против Кил во Германија ракометарот на Еурофарм Пелистер и воедно репрезентативец Филип Кузмановски три пати се запиша во листата на стрелците.
Еден од неговите погодоци се најде и во изборот на ЕХФ меѓу најдобрите пет голови на колото.
Во изборот Кузмановски е на третото место, на петтата позиција е Сандер Сагосен, пред четвртопласираниот Карпо Сиротиќ, второпласиран е Албин Лагергрен, а на врвот Сепо Фримел.
𝗧𝗢𝗣 𝟱 𝗚𝗢𝗔𝗟𝗦 🤩 Round 12. Besides being handball players they are also MAGICIANS 🎩✨
5️⃣ Sander Sagosen
4️⃣ Karpo SIROTIC
3️⃣ Filip KUZMANOVSKI
2️⃣ Albin LAGERGREN
1️⃣ Seppo FRIMMELBest one? 💪 #ehfcl #CLM pic.twitter.com/FJmsUvL3Iz
— EHF Champions League (@ehfcl) February 23, 2024