ВИДЕО | Фидановски: Зимскиот салон е на жими мајка, не знаеме колку пари ќе добиеме од Град Скопје и од Министерство за култура

Филип Фидановски, претседател на ДЛУМ / Утрински брифинг
Филип Фидановски, претседател на ДЛУМ / Утрински брифинг

Вчера вечерта се отвори 19-то издание на Зимскиот салон на ДЛУМ, еден од најважните настани што ги организира Друштвото, а добитник на гран при е сликарот и виш конзерватор Страхил М. Петровски од Куманово кој како награда ќе добие шестмесечен престој во студиото во Париз по покровителство на Министерството за култура. На изложбата се претставија 41 македонски уметник и петмина романски уметници, бидејќи куратор беше романска професорка. За оваа тема како и за состојбите со ДЛУМ во денешен Утрински брифинг рзговаравме со Филип Фидановски, претседател на Друштвото на ликовни уметници (ДЛУМ).

ДЛУМ последниве години практикува да кани странски куратори на Зимскиот салон со цел да се популаризира македонската уметност надвор од земјата, објаснува Фидановски и додава дека на тој начин се продлабочува соработката со соодветните друштва во други земји.

Изложбата е во Чифте амам, а ќе биде отворена до 28 февруари. Изложбата ја отвори новата министерка култура која рече дека уметноста е коректив на општеството.

ДЛУМ е еснафско здружение кое треба да се грижи за благосостојбата на уметниците. Деновиве треба да излезат резултатите од конкурсите за финансирање на културата на Министерството за култура и на Град Скопје.

-ДЛУМ лани доби 400 илјади денари за двегодишна програма, а тоа се случува првпат некоја институција да биде финансирана со подолгорочни проекти од само една година. Но, сѐ уште немаме упатства како ќе се реализира годинешната програма, па затоа побаравме упатства од градоначалничката Данела Арсовска. Засега имаме одговор дека сме требале да конкурираме и на овогодинешниот конкурс. Не заеме ни колку средства ќе добиеме од Министерството за култура, па и Зимскиот салон и сѐ што организираме се одвива на „жими мајка“, без да исплатиме, вели Фидановски.

Тој додава дека ДЛУМ разговара со институциите да добие свој простор, а доделувањето на државен простор мора да оди со одлука на Владата. Новиот простор треба да биде во новиот дел на Универзитетската библиотека каде што беше Американското катче, но треба да се уреди и да се решат проблемите со греење и ладење. Инаку, тој простор е одличен за галерија и таа би им била на располагање на уметниците.

Проследете го целиот разговор во видеото

Видео на денот