ВИДЕО: ФФМ не ги заборава „луѓето од сенка“ исто така заслужни за историскиот пласман на ЕП!

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) предводена од претседателот Муамед Сејдини ја заокружува годината со историски успех и пласманот на сениорската репрезентација на Македонија на нејзиното прво Европско првенство.
ФФМ не ги заборава и оние луѓе со кои поголемиот дел од јавноста не е многу запознаена, кои исто така имале свој придонес во успешните резултати, не само околу националните селекции, туку и за секој проект кој се реализира, а тоа токму преку едно видео го презентира, првиот човек на македонскиот фудбал, Сејдини:
– За еден колектив да биде успешен, секој поединец мора да се почувствува вреден и ценет. Секој со своите знаења и способности допринесува за постигнување на целите.
Ова е видео за луѓето во Федерацијата и репрезентацијата А на Македонија, кои целосно се вложуваат и максимално професионално ги извршуваат нивните задачи, но кои не се експонирани во јавноста.
На сите нив сум им неизмерно благодарен, кои после нашите фудбалери и стручниот штаб се најзаслужни за Македонија да биде дел од Европското првенство во фудбал – вели Сејдини.