ВИДЕО: ФФМ да иницира вклучување на ВАР технологијата во домашниот фудбал

Користењето на ВАР технологијата во Македонија. За предностите и недостатоците во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ говореше поранешниот репрезентативец на Македонија и претседател на синдикатот на фудбалери на Македонија, Панче Ќумбев.

-Бев скептик кога се донесе користењето на ВАР технологијата, но од денешен агол до некаде го оправдувам нејзиното користење. Сметам дека во Англија најдобро се имплементира. Од нашите екс ју простори, Хрватска го употребува. Сметам дека и кај нас треба да почне имплементирањето, бидејќи гледаме дека на нашите терени и тоа како е потребна. Се работи за голема инвестиција за која е потребно време, но ќе повторам дека е потребна- вели Ќумбев.

-Имаме добри судии, но мислам дека треба малку повеќе да работат, да следат, има многу работи на кои што треба да им посветат внимание, но сметам дека со ВАР технологијата дефинитивно и на нив ќе им се помогне. ФФМ треба да иницира, да потегне и да ја имплементира оваа новина, изјави Ќумбев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот