ВИДЕО: Ферстапен во финишот до триумф во Франција

epa09288419 Dutch Formula One driver Max Verstappen of Red Bull Racing celebrates with the trophy on the podium after winning the French Formula One Grand Prix at Paul Ricard circuit in Le Castellet, France, 20 June 2021. EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Макс Ферстапен, возачот на „Ред Бул“, триумфираше на трката за Големата награда на Франција, осма трка сезонава во Формула 1 шампионатот.

Во претпоследниот круг Ферстапен успеа да го престигне Луис Хамилтон на „Мерцедес“ и на тој начин Холанѓанецот дојде до својата трета победа сезонава.

Хамилтон, актуелниот Ф1 шампион заврши како второпласиран, а на третата позиција е Серхио Перес од редовите на „Ред Бул“.

Редоследно од четвртото до 10 место се наоѓаат Валтери Ботас, Ландо Норис, Даниел Рикардо, Пјер Гасли, Фернандо Алонсон, Себастијан Фетел и Ленс Строл.

Ферстапен води кај возачите во генералниот пласман со 131 бод, пред Британецот Хамилтон кој има 119. Следната трка ќе се вози наредниот викенд за Големата награда на Австрија на патеката „Ред Бул ринг“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот