ВИДЕО: Ферстапен најбрз во Тексас пред Хамилтон и Перес

Макс Ферстапен („Ред Бул“) ја оствари осмата победа сезонава во Формула 1 шампионатот/Тексас, САД/24 октомври 2021/Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW

Возачот на „Ред Бул“, Макс Ферстапен славеше денеска во Формула 1 трката за Големата награда на САД која беше возена во Тексас.

Втор низ целта помина актуелниот светски шампион Луис Хамилтон од редовите на „Мерцедес,“ а трет вториот член на „Ред Бул“, Серхио Перес.

Ферстапен и „Ред Бул“ тактички подобро ја одработија трката. Тие подобро го одредија времето на замена на гумите и стигнаа до важна победа и бодови во трката за најдобар возач во сезоната.

Хамилтон на стартот поведе иако возачот на „Ред Бул“ Ферстапен имаше пол-позиција. Откако Британецот ги замени гумите во 15 круг, три круга по него, Макс изби на чело на караванот.

После новата промена на гуми во 30 круг, Ферстапен отиде во „боксот“ и се најде на второто место со нешто повеќе од 17 секунди зад Хамилтон. Во 37 круг Хамилтон тргна на второ менување гуми, од „боксот“ излезе како втор со речиси девет секунди заостанување.

Во продолжение се водеше голема борба, Британецот полека ја намалуваше разликата, во последниот круг се влезе со само една секунда заостанување. Ферстапен успеа да ја задржи предноста и прв мина низ целта.

На лидерската позиција на пет трки до крајот води Ферстапен со 287,5 поени, пред Хамилтон кој има 275,5, а далеку зад нив е Валтери Ботас, вториот возач на „Мерцедес“ со 185. Следната трка за ГН Мексико ќе биде на 7 ноември.

Пласман кај конструкторите –
1. Мерцедес 460,5
2. Ред Бул 437,5
3. Мекларен 254
4. Ферари 250,5

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот