ВИДЕО: Феникс во форма пред стартот на плеј-офот, подобар од финалистот Мајами

epa09123444 Phoenix Suns forward Mikal Bridges scores during the NBA game between the Phoenix Suns and the Los Angeles Clippers at the Staples Center in Los Angeles, California, USA, 08 April 2021. EPA-EFE/ETIENNE LAURENT SHUTTERSTOCK OUT

Феникс санс оствари убедлив триумф од 106:86 над Мајами хит и ја задржа втората позиција на табелата во Западната конференција со скор од 39 победи и 15 порази, и имаа само еден пораз повеќе од лидерот Јута.

Мајами беше подобар во првото полувреме, имаше предност од осум поени на крајот од првата четвртина, но „сонцата“ со одлична игра во вториот дел, посебно во последната четвртина кога на противникот му дозволија да постигне само 14 поени, ги решија дилемите околу победата. Деандре Ејтон со 19 поени и 13 скокови беше предводник на Феникс, додека кај Мајами, Џими Батлер беше најпрецизен со 18 постигнати поени.

Бостон во крајно возбудлив натпревар со 116:115 го совлада Портланд, во натпревар на кој двете екипи дури 24 пати се менуваа во водство. На 40. секунди до крајот беше 112:112, по што Џејсон Тејтум прво реализира едно слободно фрлање, а потоа во следниот напад постигна и тројка со која ги реши дилемите околу победникот. Токму Тејтум со 32 поени беше најпрецизен кај Бостон, додека предводник на Портланд беше Демиен Лилард со 28 поени и 10 асистенции.

Шампионот ЛА Лејкерс по поразот од Њујорк минатата вечер, оствари триумф и тоа на гости кај Шарлот од 101:93. Натпреварот беше решен во третата четвртина која лејкерси ја завршија со двоцифрена предност (66:76). Кајл Кузма беше најдобар кај шампионот со 24 постигнати поени.

Резултати:
Индијана – ЛА Клиперс 115:126
Торонто – Атланта 103:108
Шарлот – ЛА Лејкерс 93:101
Јута – Оклахома сити 106:96
Феникс – Мајами 106:86
Портланд – Бостон 115:116

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот