ВИДЕО: Феникс по пауза од 11 години повторно ќе игра во плеј-оф

epa09123446 Phoenix Suns forward Mikal Bridges scores during the NBA game between the Phoenix Suns and the Los Angeles Clippers at the Staples Center in Los Angeles, California, USA, 08 April 2021. EPA-EFE/ETIENNE LAURENT SHUTTERSTOCK OUT

Екипата на Феникс санс за прв пат по 11 години ќе учествува во разигрувањето за шампионската титула. „Сонцата“ пласманот во плеј-офот го потврдија со победата над ЛА Клиперс од 109:101.
Феникс до победата го предводеше Крис Пол со 28 поени и 10 скокови, а Девин Букер даде 21 поен. Кај Клиперси се истакна Пол Џорџ со 25 поени и 10 скокови. Феникс се наоѓа на второто место во Западната конференција со скор 44-18, додека Клиперси се трети со скор од 43 победи и 21 пораз.

Место во плеј-офот обезбеди и лидерот на Западот, Јута џез која во победата од 154:105 над Сакраменто постави клупски рекорд. „Џезерите“ постатија клупски рекорд по бројот на постигнати поени на еден натпревар. Бојан Богдановиќ со 24 поени беше најпрецизен во тимот на Јута.

Место во плеј-офот обезбеди и Филаделфија сиксерс на Истокот откако со 127:83 ја совлада Атланта.  Сет Кари беше најпрецизен кај Филаделфија со 20 поени, додека Џоел Ембид и Тобајас Херис дадоа по 17 поени.

Денвер нагетс благодарение на својот најдобар играч, Никола Јокиќ успеа да дојде до победата од 114:112 над Њу Орлеанс пеликанс. Јокиќ натпреварот го заврши со 32 поени и три блокади, од кои последната ја имаше на една секунда до крајот кога го запре обидот на Зајон Вилијамсон да постигне поени.

Расел Вестбрук со уште еден трилп-дабл (18 поени, 18 скокови и 14 асистенции) му донесе победа на Вашингтон и тоа над шампинот ЛА Лејкерс од 116:107. Вашингтон со оваа победа ги задржа шансите за обезбедување на место во разигрување за плеј-офот бидејќи се 10. Во Источната конференција со скор од 28-34.

 

Резултати:
Кливленд – Орландо 104:109
Филаделдија – Атланта 127:83
Бостон – Шарлот 120:111
Њујорк –Чикаго 113:94
Вашингтон – ЛА Лејкерс 116:107
Мајами – Сан Антонио 116:111
Денвер – Њу Орлеанс 114:112
Мемфис – Портланд 109:130
Феникс – ЛА Клиперс 109:101
Сакраменто – Јута 105:154

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот