ВИДЕО: Феникс на чекор до големото финале

epa09304723 Phoenix Suns forward Mikal Bridges (25) goes to basket against Los Angeles Clippers guard Reggie Jackson (1) during the second quarter of the game 4 of the NBA playoffs between the Phoenix Suns and the Los Angeles Clippers at the Staples Center in Los Angeles, California, USA, 26 June 2021. EPA-EFE/RINGO CHIU SHUTTERSTOCK OUT

Кошаркарите на Феникс санс го совладаа ЛА Клиперс со 84:80 и поведоа со 3:1 во победи во финалето на Западната конференциа.

Натпреварот помина во цврста игра во која двете екипи одиграа одлично во одбраната, притоа промашувајжи голем број на отворени шутеви.

ЛА Клиперс во втората четвртина цели шест минути не успеаја да постигнат ниту еден поен, во третата четвртина Феникс имаше предност од дури 16 поени, но и тоа не му беше доволно за да има мирна завршница.

Клиперси благодарение на Реџи Џексон се вратија во натпреварот, за по петте поени на Пол Џорџ да намалат на само еден негатива (71:70) на стартот од последната четртина.
Во последната четвртина и двете екипи буквално се изнапромашуваа, за речиси девет минути игра беа постигнати само 10 поени (77:74). Но, Феникс благодарение на поените на Девин Букер од слободнои фрлања дојде до плус пет (79:74) и предноста ја зачува до крајот на натпреварот.
Играч на натпреварот беше Деандре Ејтон со 19 поени и 22 скокови, Девин Букер даде 25 поени за Феникс, додека кај ЛА Клиперс, Пол Џорџ уфрли 23 поени.
На наредниот петти натпревар кој ќе се игра во ноќта помеѓу вторник и среда, Феникс ќе има можност со победа за прв пат од 1993 година да обезбеди пласман во големото финале.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот