ВИДЕО: Фенер го освои Минхен за плеј-оф, кога е најтешко Гудуриќ, Де Коло и Весели!

Фото: euroleague.net

Фенербахче го победи Баерн во Минхен и на тој начин обезбеди пласман во плеј-офот, односно во Топ 8 фазата во Евролигата.

Клубот од Истанбул денеска беше подобар од германската екипа со резултат 77:68 и воедно направи огромен чекор кон четвртото место кое носи предност на домашен терен.

Успехот е толку голем што Турците по 15 кола имаа слаб учинок од пет победи и 10 порази, а сега се на 20-12. И покрај поразот, Баерн е многу близу до пласман во плеј-офот, во кој заедно со Фенер веќе се пласираа Барселона, ЦСКА, Ефес и Армани.

Последните две кола, како и неколку преостанати натпревари ќе покажат кој ќе им се придружи.

Одлична партија за Фенербахче пружи репрезентативецот на Србија, Марко Гудуриќ, кој мечот го заврши со 18 поени (7/15 од игра, 3/9 за три). Де Коло постигна поен повеќе (8/14 од игра, 3/6 за три), а значаен придонес имаше и Јан Весели – 15 поени, додаде шест скока и пет асистенции. На спротивната страна Вејд Болдвин имаше 20 поени, Зипсер 12, а Лучиќ 11.

ЕВРОЛИГА – 32. коло

Вторник, резултати –

Црвена звезда – Олимпија Милано 72:93
Реал – Ефес 83:108
Жалгирис – Алба 96:86
Зенит – ЦСКА 74:86
Панатинаикос – Басконија 82:97
Макаби – Барселона 99:94 (по 1 продолжение)
Баерн – Фенербахче 68:77

Среда, двојки –

19.00 часот: Химки – Асвел
21.00 часот: Валенсија – Олимпијакос

Табела: Барселона 23-9, ЦСКА Москва 21-10, Анадолу Ефес 21-11, Олимпија Милано 20-12, Фенербахче 20-12, Баерн 19-13, Баскониа 18-14, Реал Мадрид 18-14…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот