ВИДЕО| Фехер е виновен за тројно убиство во Шпанија

Норберт Фехер, исто така познат под псевдонимите Игор Вацлавиќ, Игор Рус или Игор Србин, по потекло од Србија е прогласен за виновен во Шпанија за тројно убиство. Тој беше обвинет дека убил двајца полицајци и еден цивил во Шпанија, а во Италија е осомничен за две убиства.

Судот во шпанскиот град Теруел го прогласи Фехер за виновен за тројно убиство извршено во 2017 година во провинцијата Арагон, јави АФП.

Фехер беше осуден на 21 година затвор во Шпанија во јануари минатата година за обид за двојно убиство непосредно пред неговото апсење во 2017 година.

Фехер, кој имал лажен идентитет, претставувајќи се како поранешен воен специјален агент или шпион, се смета за крајно опасен, бидејќи нападнал двајца чувари со остар предмет во затвор, а за време на судењето бил во специјален „стаклен кафез“, кутија направена од непробоен плексиглас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот