ВИДЕО: Федерер го откри најтешкиот момент во кариерата

Вимблдон беше последниот грен слем турнир на кој настапи Рожер Федерер/фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Швајцарскиот тенисер Рожер Федерер е првата ѕвезда на „Лејвер купот“ во Лондон каде ќе го одигра последниот меч во својата професионална кариера.

Пред мечот в петок даде интервју во кое откри дека колената му попуштаат и дека поради тоа не може да игра во сингл натпреварувањето.

– Среќен сум и изненаден колку добро ја удрам топката, но нема да можам да играм сингл, па затоа не е опција да играм во Базел – рече Федерер.

Роџер се присети на најтешкиот момент во кариерата.

– Последниот сет против Хуркач минатата година на Вимблдон беше најлошиот час во мојата кариера. Сфатив дека ништо повеќе не функционира. Разочарувањето беше како како огномет во мојата глава, не знаев како да продолжам со тоа колено – вели Федерер.

Швајцарецот објасни дека ќе остане во тенисот и покрај крајот на професионалната кариера. Неговата желба е да продолжи да игра на егзибициски мечеви.

ВИДЕО | Ѓоковиќ пристигна во Лондон: Прилика која се укажува еднаш во животот

Видео на денот