ВИДЕО: Фаучи се врати и опиша како беше да се работи под Трамп, а која е разликата сега

Водечкиот американски експерт за заразни болести, Ентони Фаучи никогаш навистина не си замина од функцијата, но откако издржа речиси една година напади и подбивања од страна на бившиот претседател Доналд Трамп, сега повторно разговара со американската администрација со признат авторитет, пишува АП.

Бајден за време на претседателската кампања се обврза дека ќе го постави Фаучи на позиција главен медицински советник кога ќе стапи на должност, а 80-годишниот научник, кој беше во служба под седум претседатели, веднаш прифати и стапи во акција.

Фаучи тоа го нарече „ослободувачки“ и рече дека зад него сега стои администрација која ги прифатила неговите препораки во борбата против ковид-19.

– Една од новите работи во оваа администрација е дека ако не го знаете одговорот, не погаѓате. Само велите дека не го знаете одговорот, рече Фаучи за време на конференцијата во Белата куќа, пренесува агенцијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Recount (@therecount)

Фаучи јасно стави до знаење дека верува дека новата администрација нема да манипулира со различни пораки кои често доаѓаа од тимот на Трамп, каде научните факти често пати беа прикриени заради политичките ставови на претседателот.

Враќањето на Фаучи на централната улога во борбата со ковид-19 е знак дека „науката која беше потисната, сега повторно е во прв план“, сметаат американските здравствени експерти, наведува АП.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Recount (@therecount)

Извор: Блиц.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот