ВИДЕО: Фатен еден осомничен за нападот во Лион, каде беше ранет грчки свештеник

Во францускиот град Лион, непознат напаѓач застрела 52-годишен свештеник пред грчката православна црква Свети Лазар. Според „Ле Паризиен“, напаѓачот пукал од скратена ловечка пушка и испукал најмалку два истрела.

Полициски и безбедносни сили пред православната црква Свети Лазар, местото каде попладнево имаше пукање во Лион, Франција, 31 октомври 2020 година/Фото: EPA-EFE/MAXIME JEGAT FRANCE OUT SHUTTERSTOCK OUT

На свештеникот му била укажана прва помош на самото место, по што бил пренесен во болница, каде лекарите се борат за неговиот живот.

Француските медиуми наведуваат дека тој бил погоден во црниот дроб.

Нападот се случил околу 16 часот кога свештеникот ја затворил црквата. Напаѓачот му пришол пред црквата и отворил оган од сачмарката.

Напаѓачот бил со часови во бегство, а го барале голем број тешко вооружени полицајци. Локален обвинител потврди дека еден осомничен е уапсен во Лион, иако сè уште нема потврда дека станува збор за напаѓачот.

Француските власти не рекоа ништо што сугерира дека станува збор за тероризам. Обвинителството за антитероризам не е вклучено во истрагата, како што е вообичаено кога постои сомневање за тероризам, објави француската телевизија БФМТВ.

Францускиот премиер Жан Кастекс/Фото: ЕПА

Францускиот премиер Жан Кастекс, кој бил на пат кон Сент Етјен ду Рувр, објави дека веднаш се враќа во Париз.На местото на настанот пристигна и градоначалникот на Лион, Грегори Дашет.

Извор од полицијата рекол дека тој бил свештеник од грчка националност и дека во Брзата помош рекол дека не го познава напаѓачот. Претставник на грчката влада соопшти дека името на свештеникот е Николаос Какавелакис.

Нападот се случува три дена по убиството на три лица во нападот во црквата Нотр Дам во Ница.

ВИДЕО: Грчки православен свештеник застрелан пред црква во Париз

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот