Фото: Инстаграм/Тејлор Свифт

ВИДЕО | Фасцинантните приказни кои се кријат зад познатите хитови се инспирирани од најтешките животни борби

Иако целиот свет знае за нив и со години ужива да ги слуша, малку е познато дека некои од овие песни кријат интересни приказни зад себе.

Некои изведувачи признаа дека некои од нивните нумери се базирани на нивните лични приказни, а ова се само некои од нив:

Аријана Гранде – Thank you Next

Во првиот стих, оваа песна споменува неколку поранешни момчиња на Аријана Гранде, вклучувајќи ги Пит Дејвидсон, Мек Милер, Рики Алварез и Биг Шон. Значи, очигледно е дека песната е за минатите врски, но и за „благодарност, раст, прифаќање на нашите пречки во животот“, како што еднаш напиша пејачката на Твитер.

Деми Ловато – Skyscraper

По влегувањето во центарот за рехабилитација во 2010 година, Деми Ловато ја објави оваа триумфална песна во летото 2011 година.

„Оваа песна е толку посебна за мене бидејќи беше инспирирана од моето патување и борбите со кои се соочив изминатава година“, изјави тогаш Деми за Seventeen.

Мајли Сајрус – Wrecking Ball

Во 2013 година, Мајли Сајрус се врати на музичката сцена на огромна кугла во спотот, незаборавно музичко видео во кое емотивно пееше за раскинувањето со Лијам Хемсворт, брзо стана една од песните на годината.

Тејлор Свифт – Dear John

Тејлор Свифт ја напишала оваа песна за Џон Мајер, со кој беше во врска од крајот на 2009 година до почетокот на 2010 година. Тој за Ролинг Стоунс изјави дека се чувствува „навистина понижен“ од песната:

„Тоа многу ме погоди, бидејќи не го заслужив тоа. Сега сум прилично добар во преземањето одговорност и никогаш не сум направил ништо за да ја заслужам. Беше навистина лоша работа што таа го направи“.

Кели Кларксон – Beacuse of You

Во интервју за МТВ во 2005 година, Кели Кларксон призна дека оваа песна е посветена на разводот на нејзините родители и преку неа опишала како се чувствувала низ целиот процес.

Бијонсе – Lemonade

Кога Бијонсе го издаде својот албум „Lemonade“ во 2016 година, слушателите и гледачите веднаш шпекулираа дека се работи за нејзината врска со Џеј Зи. „Sorry“ е немилосрдна песна за неверството на Џеј Зи, кое подоцна тој и го призна.

Халси – Without Me

Песната „Without Me“ е напишана за раскинувањето на Халси со раперот и продуцент Џи-Изи. Пејачката за Glamour изјави:

„Најголемата лекција што ја научив беше да правам уметност, а не наслови, бидејќи може да стане прилично лесно во генерацијата на социјалните медиуми да се премине од музичар во обична јавна личност.

Канје Вест – Through The Wire
Канје отсекогаш бил контроверзен, дури и кога ја снимал оваа иконска песна. Имено, Канје поради операција на вилицата морал некое време да носи „кафез“ на усните и не смеел да зборува, но раперот отишол во студио и снимил песна посветена на тоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот