ВИДЕО | Фановите во неверување: Српски шминкер го оживеа ликот на Тоше Проески

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Стефан Суботиќ е познат мејк – ап артист од Србија, но и надвор од границите на неговата земја. Покрај тоа што Стефан ја истакнува природната убавина на секоја негова клиентка тој е познат и по неговите трансформации како драг – кралица експериментирајќи со најразлични комбинации на облека, високи потпетици, шминка и перики.


Суботиќ е волшебник за трансформации. Својот талент го открил пред повеќе од 10 години. Со години шминкал жени за свадби, девојки за матурски вечери и други свечени прилики, а понекогаш знае да се „среди“ и себеси.


По маестралните трансформации на Суботиќ во Јосипа Лисац, Рушка Јакиќ, Северина, Јелена Карлеуша, Ева Рас, Анџелина Џоли, Лепа Брена, Аца Лукас и многу други ѕвезди шминкерот неодамна не изненади со уште една неверојатна трансформација.


Овој пат Стефан се трансформираше во нашиот ангел, незаменливиот Тоше Проески. Стефан за момент го оживеа ликот на нашиот Тоше.


Тоше Проески е Халеевата комета во нашата музичка индустрија. Скоро незаменлив, невозможно да се заборави и безмилосно присутен на деновите на неговото раѓање и стивнување. Сеќавањето на македонскиот славеј Тоше Проески, кој остави неизбришлива трага во нашите животи со неговите музички дела, не згаснува ниту 15 години по неговата смрт. Неговиот живот прерано згасна во тешка сообраќајна несреќа кај Нова Градишка во 2007 година. Имаше само 26 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот