ВИДЕО | Фановите „лудуваат“ по Круела де Вил: Ја споредуваат со култниот Џокер

youtube/printscreen
youtube/printscreen

Ема Стоун, режисерката и главна актерка во „Cruella de Vil“, реагираше на споредбите со „Joker“ и рече дека овие два филма се „многу различни“, и на луѓето што го нарекуваат нејзиниот филм следниот „Joker“, Ема одговорила – „Не толку брзо“.

Приказната за 101 Далматинец и потеклото на „Cruella de Vil“ зборува за манекенка опседната со крзно во текот на 70-тите години во Лондон, една деценија пред да стане застрашувачка наследничка која посакува крзнени палта од малите кутриња. Кога првиот трејлер беше објавен минатиот месец, социјалните мрежи беа полни со споредби на филмот со „Joker“ од 2019 година, кој ја раскажува приказната за потеклото на славниот негативец во филмовите за „Batman“.

„Тешко е да сметате некого за негативец кога ќе видите како започнал неговиот живот“, вели Ема за Круела.

Актерката добитничка на Оскар ќе ја прикаже познатата модна икона во претстојната приказна на Дизни“ за потеклото на Круела, а филмот веќе е главна тема на социјалните мрежи. Откако беше објавен првиот трејлер, луѓето веднаш започнаа да прават споредби со филмот „Joker“.

„Филмот е многу поразличен од „Joker“. Никогаш не би се споредил со Феникс (актерот кој ја игра улогата на „Joker“ во истоимениот филм). Би сакала да бев како него“ – изјавила Ема за новиот број на списанието „Total Film“. Сепак, иако има големи разлики во двата филма, Стоун разбира зошто луѓето прават паралела.

Режисерот на филмот, Крег Гилеспи, исто така разбира дека публиката мора да има културна референца, пишува „Games Radar“.

„Постојат некои длабоки, емотивни работи со кои се соочува Круела и кои ја испраќаат до негативната потемна страна. Значи, во таа смисла, има слични теми. Но, она низ што таа поминува е дефинитивно различно. Мислев дека е важно да и ја покажам потемната страна. Но, ќе има многу забава, многу хумор. Има многу одлични шеги, што е сосема различно од филмот „Joker“,  изјавил Гилеспи.

Круела на почетокот на филмот не ја запознаваме како богата сопственичка на модна куќа, де Вил започнува како Естела, ќерка на сиромашна перачка на долна облека која се вљубува во модната индустрија додека расте и со нејзините двајца помошници, кои веќе ги знаеме – Хорацио и Каспер, таа го започнува својот подем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот