ВИДЕО | Eвровизија – Eден од најкомплексните телевизиски производи, разговор со инженерот Блажо Ристов

За десетина денови почнува Евровизија – меѓудругото еден од најкомплексните телевизиски производи.

-Во финални подготовки е Евровизијата во Ротердам. Салата, светлото и тонот се наместени. Преносот е нешто што зависи од многу луѓе. Оваа година ќе учествуваат околу четири репортажни коли. Во салата ќе има околу 25 камери и шеесетина канали за повторување и што е највожно ќе има посбна кола за тон. Преносот не е само за Европа, тој е и а Австралија и тој цел комплексен систем да се изгради потребни се два месеци да се изгради, изјави во Утрински брифинг инженер за надворешни снимања и преноси Блажо Ристов и додава дека она што оваа година ќе го видат гледачите за првпат е пренос во ултра хај дефиниција.

За се треба да има резерва – треба да имате сала и резервна сала, техника и резервна техника. Тонот секогаш се прави на две идентични тонски миксети и не може да има никаков прекин во тонот, вели Ристов.

-Кога ќе се сетам на 1971 година камерата тежеше околу 60 килограми, а денеска мојот мобилен има две камери, така што неспоредливи се разликите од минатото време. Телевизијата го следи развојот слично на компјутерите. На две години имаме еден нов квантен скок. Повеќе нема сигнал – има само податоци. Порано требаше линкови, сателити, сега има оптика. И што е уште поважно порано имаше еден единствен ТВ сигнал. Сега ТВ сигналот кој се произведува се прави во формати по желба – за лаптоп, таблет, мобилен и се тоа излегува наеднаш. Така што ИП донесе предност во производството на ТВ сигнали, додава Ристов.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот