ВИДЕО | Европол разби моќна криминална ќелија од Западен Балкан

ФОТО: Притнтскин Youtube, Европол

Вкупно 37 членови на криминална група од Западен Балкан, предводена од државјанин на Босна и Херцеговина, се уапсени во меѓународна акција координирана од Европол, соопштија денеска од седиштето на европската полиција. Целната криминална група се занимавала со шверц на дрога и огнено оружје, а била оценета како „насилна“ и „моќна“ криминална ќелија.

Како што информираат од Европол, акцијата била спроведена истовремено во Хрватска, Босна и Херцеговина, Холандија, Италија, Белгија и Германија на 24 мај, со координација од канцеларијата во Загреб а со поддршка на службениците на Европол на терен.

Како што објави Н1 во рамки на акцијата во Босна и Херцеговина биле уапсени пет лица, а информацијата подоцна ја потврдија и надлежните институции.

Во акцијата е уапсен и водачот на групата кој е по потекло од БиХ кој Европол го оценува како „цел со висока вредност“, а кој во моментов издржува затворска казна од четири години во Италија.

Станува збор за Дино Музаферовиќ – Цезар, по потекло од Велика Кладуша, која кон крајот на минатата година беше екстрадирана од Германија во Италија.

Европол потврди дека Музаферовиќ, без да го спомене своето име, продолжил да ги оркестрира криминалните активности на неговата банда од затворска ќелија и дека се верува дека од таму редовно издавал наредби и инструкции на своите подредени во врска со трговијата со дрога и огнено оружје.

Заедно со апсењата полицијата запленила околу 148 000 евра во готовина, 18 парчиња огнено оружје, меѓу кои два митралези и 500 грама ТНТ со далечински детонатори. Исто така, во акцијата биле запленети и 15 килограми кокаин, 11 килограми хероин, како и одредени количини амфетамин, марихуана и хашиш.

Покрај полициски службеници и припадници на други надлежни служби од земјите во кои биле извршени претресите, во операцијата учествувале и агенти на американската Агенција за борба против дрога – ДЕА, се наведува во соопштението.

Меѓународната истрага уследи по она што Европол го опиша како „сложена истрага“ спроведена од хрватската полиција како дел од оперативната група „Балкански картел“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот