ВИДЕО | Евергрин Евровизија: Македонски хитови кои сè уште се пеат

Евровизиски евергрини, Фото: YouTube - принтскрин

Се сеќавам на моето детство кога Евровизија беше спектакуларен настан за сите. По повод светскиот музички фестивал се собиравме „по дома“ друштво, семејство или кој како ќе стигне и со полни маси, а уште пополни срца чекавме да видиме какви музички настапи ќе понудат земјите од светот.

Како што поминуваа годините, ентузијазмот за Евровизија спласнуваше, но почитта и веројатно искрената љубов кон култните песни што нè претставувале на музичкиот спектакал никогаш не згасна. Патувајте со нас во исконските песни, иконските аутфити и „шизичка“ поп музичка историја со овој времеплов, додека се спремаме за овогодинешниот настап.

Владо Јаневски – „Не зори зоро“

Во 1998 година, Македонија првпат настапи на Евровизија со песната „Не зори зоро“ на Владо Јаневски, која го ссвои 19-тото место.

XXL – „100% те љубам“

„XXL“ беа нашите претставнички на Евровизија во 2000 година. Нивната песна „100% те љубам“ се пласираше на 15-то место.

Каролина Гочева – „Од нас зависи“

Во 2002 година, Каролина настапи на Евровизиската сцена со „Од нас зависи“ и со незаборавна промена на аутфит го доби 19-тото место.

Тоше Проески – „Life“

Кога Тоше Проески настапуваше на Евровизија, целата македонска јавност следеше будно. Во 2004 година, го освоивме 14-тото место.

Елена Ристеска – „Нинанајна“

Елена Ристеска во 2006 година настапи со „Нинанајна“ и го освои најдобриот пласман за Македонија до тој момент, 12-то место во финалето.

Видео на денот