ВИДЕО: Еве ја рекламата од „Super Bowl“ за која зборува целиот свет

youtube
принтскрин

Шведскиот бренд за овесно млеко „Oatly“ емитуваше реклама за време на „Super Bowl“ за која луѓето не престануваат да зборуваат. Додека некои сметаат дека е одлична, други велат дека е најлоша досега, но, кај сите предизвика реакција.

Рекламата трае само 30 секунди во која извршниот директор на компанијата, Тони Петерсон пее песна за млекото на поле. И тоа е целата реклама.

Оваа реклама, всушност датира од 2014 година и тогаш предизвикала голем број реакции, па дури добила и забрана за емитување во Шведска. Оригиналната реклама трае 60 секунди и е во режија на Торбјерн Марин.

Веднаш штом беше прикажана рекламата, следуваа лавина реакции на социјалните мрежи.

Таа реклама беше толку лоша што никогаш нема да го купам ова млеко“; „Најлошата реклама досега“, коментираа некои на кои воопшто не им се допаднала рекламата.

Сепак, имаше и ентузијасти.

Добро, ова ми е најдобрата реклама досега, совршена смисла за хумор“; „Ќе ги купам сите акции на „Oatly“; „Ова беше најчудната реклама на „Super Bowl“ досега“, многумина напишаа на „Твитер“.

Судејќи според официјалната веб-страница на компанијата, по прикажувањето на рекламата, „Oаtly“ имале за цел да предизвикаат реакции.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Oatly (@oatly)

Дефинитивно не е типична реклама за „Super Bowl“ со некоја позната личност или претерана продукција. Можете да ја погледнете и да заклучите дека тоа е „најглупавата употреба на рекламниот простор на „Super Bowl“ досега“. Но, најдобриот пристап е само да се смисли нешто што изгледа реалистично и потоа да им дозволиме на луѓето само да го донесат својот суд“,  вели извршниот директор на „Oatly“, Џон Школкрафт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот