ВИДЕО: Еурофарм Пелистер ја забележа третата победа во Лигата на Европа

обрадовиќ еурофарм пелистер
Е. Пелистер во вториот дел го скрши отпорот на португалскиот Спортинг/Битола, Македонија/7 декември 2021/Фото: instagram.com/rkeurofarmpelister

Вечерва во салата „Боро Чурлевски“ во Битола пред своите верни навивачи екипата на Е. Пелистер славеше со 31:25 (14:13) над Спортинг.

Играчите на тренерот Жељко Бабиќ одиграа брилијанта ракометна партија и со третата победа сезонава во Лигата на Европа по шест одиграни кола го презедоа второто место во групата „Д“.

На почетокот од средбата македонскиот вицешампион стекна убава предност од 5:2 која Португалците брзо ја стопија и направија серија од 6:0.

До пред крајот на првото полувреме гостите контролираа предност од еден до два голови разлика, а пред паузата домашната екипа се врати и замина со минимална позитива после погодокот на Велковски за „ерупција“ на трибините.

Во вториот дел домаќините константно беа во предност, не му дозволија на ривалот да дојде до нов егал, при водство од 19:17 направија серија од 4:1 и тука веќе полека се кршеше отпорот на гостите.

Постепено се зголемуваше разликата, неколку пати доаѓаше Е. Пелистер до „плус шест“, а највисоката позитива изнесуваше „плус седум“ (31:24) по што играчите на Бабиќ почнаа да го слават триумфот.

Најефикасни во триумфот беа Периќ и Мандалиниќ со по седум голови, по четири имаа Табоада и Граџан. А на спротивната страна шестпати во листата на стрелците се запиша Салвадор.

Во другите две средби од групата „Д“ Кадетен славеше на гостувањето кај АЕК (28:31), а Ним славеше кај Татабња (30:38). На табелата води Ним со девет бодови, второпласиран е Е. Пелистер со осум, трет е Спортинг (седум), шест има Кадетен, четири АЕК, а два Татабања.

Во следното седмо коло Е. Пелистер ќе игра на гостински терен во Франција против Ним на 15 февруари 2022 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот