ВИДЕО: ЕУЛЕКС ги претресува куќите на Тачи, Селими и Весели, косовски аналитичар објави и кои се другите обвинети

Припадници на ЕУЛЕКС ги претресуваат куќите на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи, шефот на пратеничката група „Самоопределување” во Собранието, Реџеп Селими и станот на лидерот на ДПК, Кадри Весели, јави Танјуг повикувајќи се на приштински медиуми.

Според некои медиуми, пред куќата на Тачи бил виден и поранешниот министер за правда Абелард Тахири.

Силите на ЕУЛЕКС од утрово се и во седиштето на Демократската партија на Косово, додека пред просториите на партијата има припадници на косовската полиција. Полицајци има и пред семејните домови на Селими, Тачи и Весели, јави и агенцијата Бета.

Тачи и Весели од вчера се во притвор во Хаг, откако Специјалниот суд го потврди обвинението против нив во кое, заедно со други осомничени, се обвинуваат за голем низа воени злосторства на Косово, вклучувајќи и речиси 100 убиства.

Специјалното обвинителство во Хаг денеска соопшти дека во тек се операции на Специјалното обвинителство на Косово и оти се одвиваат со поддршка на косовската полиција и мисијата на Европската мисија за владеење на правото на Косово (ЕУЛЕКС).

Судот во соопштение наведе дека жртвите можат да се пријават ако можат да покажат дека претрпеле штета, вклучително и физичка, душевна или материјална, како директен резултат на кривичните дела од потврденото обвинение.

– Гласот на жртвите е неопходен за остварување на правдата. Преку нивниот претставник, жртвите кои учествуваат во постапката можат да ги остварат правата што им се дадени според нашите важечки регулативи и да се погрижат нивниот глас да биде слушнат пред надлежните судии, рече претседателката Екатерина Трендафилова.

Говорејќи за важноста на учеството на жртвите, обвинителот Џек Смит рече дека кривичните дела во обвинението се сериозни и оти во грижата за тоа правдата да се задоволи, не смеат да се заборават страдањата на жртвите.

– Учеството во постапката може да им даде сила на жртвите и да обезбеди нивниот глас да се слушне, рече обвинителот Смит.

Во меѓувреме аналитичарот и поранешен пратеник Милаим Зека изјави дека во следните денови ќе има „земјотреси“ и нови апсења од Специјалниот суд.Зека рече дека се поднесени нови обвиненија од Специјалниот суд и сега се очекува само нивно објавување.

Тој вели дека сега се покренати нови обвиненија против Фатмир Лимај, Силејман Селими и Сабит Геци.

„Обвинението го потврдија и Фатмир Лимај, Сулејман Селими и Сабит Геци“, рече Зека. Тој најави и дека во фокусот на Хаг се и Сахит Јашари, Агим Чеку и Адем Грабовци.

Ќе им се придружи ли наскоро Али Ахмети на соборците од ОВК?

Али Ахмети со поддршка за Хашим Тачи и Кадри Весели

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот