ВИДЕО: ЕУ изводи 100 милиони евра за брзи тестови за коронавирус

 – За да го запреме вирусот, треба да се тестираме што е можно повеќе. Брзото тестирање, со брзи резултати, е клучно во оваа ситуација, вели претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен.

Европската комисија издвои 100 милиони евра за купување од 15 до 22 милиони брзи тестови за ковид-19.

Парите се издвоени од Европскиот инструмент за итна поддршка и треба да ги покријат тековните потреби на ЕУ, посочува Брисел.

 – За да го запреме вирусот, треба да се тестираме што е можно повеќе. Брзото тестирање, со брзи резултати, е клучно во оваа ситуација, вели претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен.

Таа најави и заедничка набавка што ќе им овозможи на европските земји да дојдат до дополнителни тестови.

– Ова треба да ни помогне да го забавиме вирусот. Во ова сме заедно, истакна Фон дер Лајен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот