6.8 C
Скопје

ВИДЕО: Етна денеска повторно се закани

Италијанскиот вулкан Етна денеска повторно исфрли пепел, а со помош на ветрот чадот и пепелта се кренаа многу високо во воздухот и стигнаа до пристанишниот град Катанија.

Вулканот испушти и послаби млазеви од лава, а Вулканолошкиот институт ИНГВ соопшти дека е тоа осмиот „пароксизам” за време на последните активности на вулканот, пренесе Анса.

Како наведе агенцијата, вулканската пепел падна и на помалите градови и села во подножјето на планината Етна, како што се Николоси, Трекестањи, Педара, Сан Антонио и Сан Грегорио.

Етна се наоѓа на источниот брег на Сицилија и е највисокиот вулкан во Европа и е еден од најактивните во светот.

Поврзани вести

СИПА упадна во просториите на Централната изборна комисија на БиХ

Илинка Иљоска

Тегелтија: На БиХ и требаат добри вести од Брисел, а тоа е кандидатски статус

Илинка Иљоска

Словенците предвидуваат дека до јуни ќе ја зауздаат короната: „800.000 луѓе се веќе заштитени“

Слободен печат

Мехмети: Предлог законот за дивоградби е политички договор меѓу Заев и Мицкоски

Слободен печат

Мицкоски: Се сомневам дека ќе добиеме датум за преговори

Слободен печат

Брнабиќ: Од дијалогот Белград – Приштина зависи стабилноста на целиот регион

Слободен печат