ВИДЕО | Етеми во одлична форма, го постигна деветтиот гол во сезоната

Репрезентативецот на Македонија, Валон Етеми игра во одлична форма и во денешната победа на Истанбулспор го постигна петтиот гол во последните 40 дена.
Етеми постигна убав гол во 67-та минута за водство на неговиот тим. Вкупно од почетокот на сезоната за Етеми ова беше деветти сезонски гол, а има и уште три асистенции на 20 одиграни натпревари.
За споредба во минатата сезона во второлигашката конкуренција постигна седум голови, но запиша десет асистенции. За Истанбулспор денешната победа беше втора во низа, а тимот во турската Суперлига се наоѓа 17-тата позиција со 21 освоен бод.
GOL | İstanbulspor 1-0 Alanyaspor
⚽️ 67′ Ethemi
Maç yayınları, Anlık gol ve önemli pozisyonlar için takip: @xoxspor #İstanbulspor #Alanyaspor #İSTvALY #Ethemi pic.twitter.com/hc0x0YKBma
— XOX Sports (@xoxspor) February 5, 2023