ВИДЕО: Еруптира вулканот Безинјањи на Камчатка

Вулканот Безимјањи (безимен) утрово еруптира исфрлајќи пепел во висина и до 10 километри, соопшти портпаролот на геофизичката служба на Камчатка при Руската академија на науките.

– Надзорната камера во станицата Киришев го забележа почетокот на ерупцијата. Бидејќи вулканот делумно е покриен со облаци, ќе имаме попрецизни информации кога ќе собереме податоци од сателитот, истакна портпаролот.

Тој додаде дека ерупцијата била предвидена од експертите, бидејќи подземните активности укажуваа на можна ерупција уште од почетокот на октомври.

Безимјањи со висина од 2.800 метри е еден од 29 активни вулкани на Камчатка, кој еруптира еднаш до двапати годишно. Ерупциите траат од неколку часа до неколку дена. Претходната ерупција бешена 15 март 2019 година.

Најсилната ерупција на Безимјањи се случи во 1956 година кога по активноста врвот на вулканот од 3.080 се намали на 2.800 метри.

Вулканот се наоѓа на 385 километри од Петропавловск, град со 180.000 жители.

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот