ВИДЕО: Ериксен со прекрасен гол против Србија на теренот на кој доживеа срцев удар

Навивачите со сето срце го поздравија кам бекот на Кристијан Ериксен/Копенхаген, Данска/29 март 2022/Фото: EPA-EFE/Liselotte Sabroe

Денеска во пријателски натпревар репрезентацијата на Данска убедливо со 3:0 ја совлада селекцијата на Србија.

Гол серијата ја започна Меле во 15 минута од средбата, а во 53 минута предноста за домаќините ја зголеми Линдстром.

На „Паркен“ стадионот за Данците настапи и Кристијан Ериксен кој со еден прекрасен погодок во 57 минута го постави конечниот епилог.

Ова беше прв настап за Ериксен на стадионот „Паркен“ во Копенхаген на кој лани во јуни доживеа срцев удар на натпреварот од Европското првенство против Финска.

Тогаш неговиот живот беше спасен во последен момент, а лекарите кои правеа реанимација подоцна открија дека срцето на Ериксен престанало да чука на неколку секунди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот