ВИДЕО: Ердоган вети нов дом за секој кој останал без кров над глава

Реџеп Таип Ердоган/ Фото: EPA-EFE/TURKISH PRESIDENT PRESS OFFICE HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган вети дека ќе биде изградена нова куќа, што е можно поскоро, за секој граѓанин чиј дом беше уништен во вчерашниот разорен земјотрес.

На конгресот на Партијата за правда и развој (АКП) во источниот турски град Ван, Ердоган испрати пораки со сочувство до семејствата на загинатите граѓани на Измир и целиот турски народ, а на повредените им посака брзо закрепнување.

Говорејќи за глобалните настани, турскиот претседател рече дека светот во моментов чувствува болка од транзицијата кон нова политичка и економска ера, пренесува агенцијата Анадолија.

– Претходниот век, со војните што резултираа со смрт на стотици милиони луѓе, беше обележан со колонијални активности без никакви морални граници и потрага по демократија и слобода. Гледаме дека во првата сериозна криза, кај западните земји кои се претставуваат како „колевска на демократијата”, веднаш се појавија болести како што се фашизам, расизам и ксенофобија- рече Ердоган.

Тој изјави дека „оние кои со години ги охрабруваа луѓето од различни географски области, за кои сметаат дека се евтина работна сила, да дојдат во нивните земји, денес ги затвораат своите граници пред бранот бегалци”.

– Многу е болно што патот до европските вредности води преку застапување на најтешките навреди на сметка на симболите на другите религии и општества, рече Ердоган.

Тој оцени дека „подемот на исламофобијата, особено во Франција, е потврда за продолжување на менталитетот што многупати ја вовлекуваше Европа во катастрофа”. 

ВИДЕО | Се тресе сè живо: Фатен момент на паника во слаткарa среде земјотресoт во Измир

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот