ВИДЕО | Ердоган по палењето на куранот во Стокхолм: Шведска не треба да очекува поддршка од Анкара за влез во НАТО

Фото: Твитер

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека Шведска не треба да очекува поддршка од Анкара за влез во НАТО по протестите на антиисламските активисти и прокурдските групи во Стокхолм.

Ердоган го осуди саботниот протест, во кој беше запален Куранот, светата книга на исламот, велејќи дека тоа е навреда за сите, особено за муслиманите, и ги критикуваше шведските власти што дозволија демонстрациите да се одржат пред турската амбасада во Стокхолм.

Тој, исто така, ја критикуваше Шведска за прокурдските протести каде демонстрантите вееја знамиња на различни курдски групи, вклучително и Курдската работничка партија, чии симболи не се забранети во Шведска, иако е означена како терористичка група во ЕУ, САД и Турција. .

„Ќе дозволите терористичките организации да дивеат и потоа да ја очекувате нашата поддршка за влез во НАТО. Тоа нема да се случи, рече Ердоган.

Тој додаде дека Шведска „нема да види никаква поддршка” од Турција за прашањето за влез во НАТО „ако не покаже почит” кон Турција или муслиманите.

Ултарадесничарот и антиисламистички активист од Данска, Расмус Палудан во петокот изјава дека добил дозвола од шведската полиција да организира протест пред Турската амбасада во Стокхолм.

Министерството за надворешни работи на Турција пред една недела изрази протест до амбасадорот на Шведска, затоа што пред градското собрание во Стокхолм беше обесена кукла.

Турските официјални претставници оценија дека тоа е „гнасен чин” и „терористичка пропаганда” на поддржувачите на забранетата Курдска работничка партија во Турција.

Турците посочија дека овој случај е спротивен на договорот меѓу Шведска и Финска со Турција, членка на НАТО, од која очекуваат одобрение за нивниот прием во Алијансата, и дека ќе се сузбие делувањето на курдските активисти.

Шведска, како и Финска, аплицираше за членство во НАТО минатата година, напуштајќи ја децениската политика на воена неутралност, откако Русија ја нападна Украина. Турција и Унгарија се единствените две членки на НАТО кои го немаат ратификувано протоколот за пристапување на овие земји во Алијансата.

Ердоган со нов апел до Шведска и Финска: Предајте ги терористите ако сакате да влезете во НАТО

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот