ВИДЕО: „Епл“ го претстави „Ајфон 13“

Претставување на новиот „Ајфон 13“ / фото: „Епл“/скриншот

Американскиот технолошки гигант „Епл“ денеска го претстави последниот модел на „Ајфон“, 13-ти по ред, кој според компанијата ќе понуди иновации, нов дизајн и подобрена камера.

Новиот „Ајфон“, исто како и неколку негови претходници, ќе се продава во две верзии, од кои помалата има ознака „мини“.

Ајфон 13 / фото: „Епл“

Според американските медиуми, кои го следеа претставувањето, „Епл“ сепак не направил големи измени во изгледот и перформансите на новиот „Ајфон“, туку нуди „одредени рафинирања и подобрувања во споредба со минатогодишниот модел, наместо монументални нови карактеристики“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот