Видео: Енормно високи бројки на заразени во Франција

Повеќе од 20.000 нови случаи на коронавирус се регистрирани денеска во Франција. „Ројтерс“ пренесува дека 20.468 се заразени во последниве 24 часа.

Агенцијата потсетува дека минатата недела пет дена по ред беа регистрирани повеќе од 20 000 новоинфицирани лица, а дури два дена последователно и повеќе од 30 илјади.

Вкупно 930.745 лица се разболеле и се очекува нивниот број да надмине еден милион пред крајот на неделава, доколку овој тренд продолжи.

Министерството за здравство објави дека починале уште 262 лица, со што бројот на починати од  ковид-19 изнесува 33.885.

Хоспитализирани се 797 лица, што е најголемо дневно зголемување од почетокот на април. Вкупно, од почетокот на епидемијата хоспитализирани се 12.458 пациенти.

Бројот на пациенти на интензивна нега се зголеми, тој изнесува 2.177.

Градот на светлината празен- Започна полицискиот час во Париз (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот