ВИДЕО | Енергетската криза ќе трае и догодина поради шок цените – тоа ќе се прелее и во македонската економија и финансии

Мирче Адамчевски / Утрински брифинг

Пазарот на гас го контролираат берзите, банките, земјите производители, во прв ред Катар, САД и Русија.

Кина добива многу малку гас од Русија од гасоводот Силата на Сибир 1, сега се гради и Силата на Сибир 2, но тоа не ги задоволува потребите па затоа сега танкерите на Катар итаат натаму. Тука големо влијание имаше и наметнувањето на зелената политика во Кина во намерата да се откаже од јагленот, но и во поголем број земји во светот што предизвика голем глад за гас, изјави за Утрински брифинг новинарот и аналитичар Мирче Адамчевски.

-Европа која спроведува санкции кон Русија поради конфликтот за Украина сега моли Путин да испорачува поголеми количини. Русија вика нема проблем но треба да направите нарачка колку ви треба, а правењето нова нарачка ќе значи и нови цени за новите количини.

-Треба да се води долгорочна политика во однос на енергенсите, но нема да дојде до енергетска војна во светот.

-Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека во ноември ќе оди на преговори во Русија за да издејствува пониска цена на овој енергенс.

Во моментов таа е 800 долари, а Вучиќ ќе се обиде таа да биде околу 300. Кај нас до крајот на годината загарантирана е цената за понатаму ќе видиме, вели за УБ, Мирче Адамчевски.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот